Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на посочениот линк, посочуваат од МОН.
За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат и на е-пошта: [email protected].
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, потенцираат.
Потенцираат дека поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни.
Поради тоа што месецот февруари започнува во сабота, студентите ќе имаат на располагање само 140 денари на првиот ден од месецот (односно во сабота 01.02.2025 година), додаваат од МОН.
OhridNews