Македонскиот футсал првак Железарец претрпе очекуван пораз во првата рунда од футсал купот во Братислава, Словачка. Португалскиот шампион Спортинг со 5-1 го совлада Железарец не дозволувајќи никакво изненадување.
Кумахара и Кардинал по два пати и Педро Кари еднаш погодија за португалците, додека почесниот погодок за Железарец беше дело на Љубомир.
Во втората рунда Железарец утре игра против домаќинот Слован Матик.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com