Ва рамките на 10 коло од Втората фудбалска лига екипата на Охрид на „Билјанини извори“ не успеа да го совлада Вардар од Неготино играјќи без голови 0-0.


публиката не виде гол

Главен виновник за тоа што мируваа мрежите на „Билјанини“ беше главниот судија Жарко Димески кој судеше на штета на фудбалот. Главниот судија  не виде, или не сакаше да види три ситуации во кои мораше да покаже на белата точка, а испушти да ја смири играта кога на Маркоси и Ралевски не им покажа црвени картони поради меѓусебно удирање.


За кого судеше Дамески ?

Во 72 мин  по хокерскиот бодичек над Атај во казнетиот простор Димески не виде прекршок за пенал,неколку минути подоцна во казнетиот простор на охриѓани покосен Петровиќ но Димески компензираше. Капак на се беше 86 мин кога не го виде играњето со рака на Ралевски по ударот кон голот на Попанчески .По завршувањето на натпреварот играчите и управата на клубот тргнаа физички да се пресметаат со Димески, а од поголем линч го спаси брзата интервенција на охридската полиција.


Полицијата го спаси главниот судија

Што се однесува до натпреварот охриѓани доминираа во текот на целиот натпревар, по ударот со глава на Атај од самата гол линија се спасија гостите,Степаноски го погоди дирекот ,додека Маркоски во вториот дел ја погоди гредата,по една лоша проценка на Карамачоски гостите го погодија дирекот пропуштајки можност да ги казнат охриѓани за сите промашувања.

[email protected]
фото: Васко Бујароски