Оштетениот терен на Билјанини Извори кој не ги “издржа” подготовките на екипите во зимскиот период кои дојдоа крај охридското крајбрежје ги натера охриѓани да размислуваат за алтернативни решенија. Но понудените алтернативи игралиштата во охридската околија на кои се играат натпреварите од пониските лиги не одговорија на потребите не екипите.


Условно кажано најдобриот терен по онај на “Билјанини” во село Велмеј, на кој играше второлигашот Илинден, е одалечен 35 километри од Охрид, па клубовите веднаш го отпишаа.

Во Косел каде требаше да се игра натпреварот Металург – Сартид, теренот не ги бендсиал србите, а ниту запаленото ќумбе во соблекувалните не ги привлекло суперлигашите од Србија , да се згрејат и одиграат една средба.

На теренот во с. Мешеишта кој е еден од подобрите во регионот расположени да одиграат една контрола беа Дачија и Тетекс, но арно ама немало кој да го обележи теренот и да постави мрежи.

“Грашница” игралиштето непосредно до езерото на “Градската Плажа” во населбата Воска, не е омилено кај екипите бидејки по секој втор шут или исфрлање на топката, таа завршуваше во езерската шир, а бидејќи сега не е  период на капење во водата, екипите одеа по куќите да најдат некој за да “влезат” во езерото за да им ја врати топката.

Теренот на “Грашница” е добар за тренинг но кој ќе плива на секое по топката – коментираат од клубовите.

Охрид плаче за терен(и) со вештачка трева. Тоа го забележаа сите кои оваа година го одбраа македонскиот бисер за подготовки за вториот дел од сезоната. Но дали го увидоа и надлежните кои треба да го развиваат туризмот, посебно овај спортскиот ќе видиме наредната зима, а дотогаш повелете во Охрид на капење…

М.Постоловски