Нашата игра комплетно се распадна во вториот дел кога очигледен беше заморот кај нашите репрезентативци. Можеби најдобриот поединец во нашиот тим Ѓуровски ја имаше најубата прилика по додавањето на Пандев но неговиот удар заврши покрај дирекот.
Желбата, но и немоќта на “црвено- жолтите“ им оставија доста простор на гостите за контранапади. По неколкуте неискористени “очи во очи“ ситуации, Манчуријан погоди во 91 минута за молк на Филип Втори.
Од поголем срам не спаси Наумоски во завршните секунди од надополнувањето, кога биеше прецизно од белата точка.
Навивачите на трибините со свирежи ја испратија селекцијата на Јонуз во соблекувалните, а тие не се стишија ниту по молбата на Наумоски.
Во следниот натпревар од квалификациите, македонската селекција ќе гостува кај Андора.