Добрите игри од домашен терен, фудбалерите на Охрид ги пресликаа на Градскиот стадион во Гостивар, победувајќи го Вардар Форино, во дуелот од 15-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ првиот триумф на терените од ривалите го обезбедија со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Шериф Реџепи, во финишот од првиот дел.
Симоновски (3): Неговиот континуитет со добри игри на голот од Охрид продолжува. На вистинско место беше при сите нафрлени топки во неговиот простор и повторно влеа голема самодоверба во охридскиот состав.
Маркоски (3) – Цуцули (3) – Трпески (3): Одбранбеното три повторно на висина од задачата. Офанзивците во домашниот состав немаа одговор за Маркоски, Цуцули и Трпески, кои функционираат како еден.
Вељаноски (3) – Ариф (3): Бековите беа едни од поразиграните фудбалери во Охрид на вчерашниот натпревар. Сите подобри и ветувачки акции дојдоа од страна. Испратија неколку извондредни центаршути, а добро играа и во одбрана.
Алији (3) – Ѓорѓиески (3): Ги имаше на секаде од теренот. Алији со нешто по офанзивна улога, додека Ѓорѓиески дејствуваше по дефанзивно. Без разлика на задачите, Алији и Ѓорѓиески зад себе имаат супер натпревар.
Бакулески (3) – Реџепи (3) – Целески (3): Офанзивците постигнаа еден погодок, а имаа шанси за најмалку уште три или четири голови. Реализацијата мора да се подобри и меч каде Охрид е доминантен побргу да се „затвори“.
Измени:
Наумовски (3): Влезе во игра на местото од Бакулески во 66-та минута. Добро дејствуваше на средина од теренот, најавувајќи уште подобри претстави во охридскиот дрес.
Дишлиевски/Ристески: Влегоа во игра во завршните минути од натпреварот.
Бочески: Формациски 3-5-2, со истиот избор на фудбалери како и за мечот со Велазерими. Екипата добро подготвена и разиграна. Заслужен триумф на Охрид.
Мх.П.
Цуцули: Можевме порано да го затвориме мечот, но победа си е победа
Минималец на Охрид за прва гостинска радост во Втората лига
Втора МФЛ: Скопје есенски првак, Охрид пушти корени во топ 4