Екипата на Охрид е претплатена за реми без голови на гостински терен на почетокот од Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ со бод се вратија од Кичево ремизирајќи со тимот на Велазерими во 5-та рунда од шампионатот.

Симоновски (3): Со сигурните интервенции на почетокот од натпреварот влеа многу самодоверба во екипата. Секогаш беше на место после ударите кон неговиот погодок и корнерите, кои беа најголема опасност на домашниот состав.

Вељаноски (2,5) – Ариф (2,5): Солидно издание на охридските бекови. Ги затворија офанзивните фудбалери на домаќините. Во фаза на напад учествуваа, но не беа конкретни и опасни.

Трпески (2,5) – Цуцули (3) – Маркоски (3): Одбраната го положи испитот на гостувањето во Кичево. Стоперското трио добро се справи со нападот на Велазерими. Трпески имаше моменти во кои можеше подобро да реагира, додека Цуцули и Маркоски одиграа меч без грешка.

Алији (2,5) – Ѓорѓиески (2,5) – Кочоски (2,5): Во првите 20-тина минути ја изгубија битката во средината од теренот, но потоа делуваа стабилно и ја контролираа играта. Алији беше играчот кој најмногу играше со топка, Кочоски во вистинско време го одигра најдобриот меч сезонава, а Ѓорѓиески требаше и мораше подобро да ги финишира двете шанси кои му се укажаа.

Реџепи (2,5) – Целески (2,5): Постот на напаѓачите продолжи, но голема заслуга имаат за ремито без примен погодок. Реџепи беше опасен по крилните позиции, додека кај Целески видлива беше желбата за игра и за погодок.

Измени:

Дишлиевски (2,5): Влезе во игра во 75-та минута на местото од Ариф. Задачите во формацијата ги одработи максимално добро.

Ристески – Наумовски: Влегоа во завршната фаза од мечот и немаа доволно време да покажат што знаат и умеат.

Бочески (2,5): Тактички добро поставена формација. На теренот ги изваде најдобрите играчи со кои располага. Измените иако ги направи подоцна имаа свој удел во финиширање на натпреварот.

OhridNews

 

Охрид ремизираше со Велазерими во Кичево