Охридските фудбалери ја продолжија серијата без пораз во Втората македонска фудбалска лига-запад, ремизирајќи 0-0 на гостувањето кај Тетекс во Тетово. Со петтото реми со идентичен резултат (0-0), „рибарите“ го освоија 32-от бод на табелата во Втората лига и финишираа на четвртата позиција, во пресрет на третиот решавачки круг.

Симоновски (2,5): Уште еднаш ја зачува сопствената мрежа. Добар беше при сите нафрлени топки и опасни напади на домаќините. Иако беше под фуал кој не беше досуден не интервенираше најдобро на средината од второто полувреме кога Тетекс ја имаше шансата на мечот.

Лекоски (2,5) – Цуцули (2,5) – Трпески (3), Вељаноски (2,5): Одбраната заедно со Симоновски ја исполнија задачата, но не беше стабилна и гранитна како што сме навиканти. Лекоски добар дефанзивно, не и во напад. Вељаноски не беше толку активен, додека Цуцули имаше две три лоши проценки и изгубени дуели, кои требаше да ги реши во своја полза. Меч без грешка одигра Трпески, кој стабилен и сигурен беше од почетокот до крајот на мечот.

Петрушевски (2,5) – Маркоски (2,5) – Наумовски (3): Младото трио од средината на теренот мораше и требаше да одигра поквалитетен натпревар. Неискуството излезе на виделина, но без разлика добро се справија со домаќините. На Петрушевски и Маркоски, кои ја имаа улогата на последни играчи за врска им треба повеќе енергичност, додека Наумовски одигра многу добро второ полувреме, откако немаше некој забележителен перформанс во првиот дел.

Целески (2,5) – Реџепи (2,5) – Митев (2,5): Офанзивците на Охрид влегоа во неколку прилики, но не успеаја да ја затресат мрежата. Целески кој се врати во составот водеше борба со домашните дефанзивци. Митев ја имаше најдобра прилика за гол, која не ја искористи, а, Реџепи не беше конкретен како на претходните мечеви кога беше човек на одлука.

  • Измени:

Алији (3): Го замени Маркоски на средината од второто полувреме и ја смири играта во охридскиот состав. Неговото искуство внесе голема сигурност во екипата.

Мазари (2,5): Влезе во игра во финишот и имаше добар удар кој го блокираа протиничките дефанзивци. Внесе свежина по крилната позиција и полека се наметнува како добра опција од клупата.

Бочески (2,5): Имаше проблем при составаување на екипата поради играчи со картони и повредени фудбалери. Сепак, добро го водеше мечот и не дозволи Охрид да загуби на гостувањето кај Тетекс.

 

Мх.П.

Реакции после натпреварот Тетекс – Охрид

Охрид ремизираше со Тетекс