Екипата на Охрид освои бод на гостувањето кај Дрита во Боговиње ремизирајќи 0-0. „Рибарите“ со ремито во третата рунда од Втората лига ја продолжијата серијата без пораз и втор натпревар во низа не примија погодок на гостински терен. Охриѓани со пет бодови котираат во горниот дел од табелата.
Никола Симоновски (3,5): Перфектен меч за охридската „единица“. Сигурни интервенции во текот на целиот натпревар. На место и концетриран во финишот од средбата кога успеа да одбрани две стопроцетни шанси. Втор меч со „чиста“ мрежа во три рунди од Втората лига.
Маркоски (2,5) – Цуцули (3) – Трпески (2,5): Одбраната во целина на ниво, но во неколку ситуации мораше и требаше подобро да реагира. Од тројката најдобар беше Цуцули, Маркоски има простор за напредок и допрва треба да го гледаме најдобро од него, а Трпески одигра нешто послаб натпревар во однос на претходните два од Втората лига.
Вељаноски (2,5) – Ариф (2,5): Солиден натпревар за бековското дуо во Охрид. Во одбрана не дозволуваа премногу опасности по страните, додека во напад имаа некои добри моменти. Се на се добар меч и претстава во Боговиње.
Ѓорѓиески (2,5) – Алији (2,5): Фудбалерите задолжени за „врзување“ на играта на Охрид имаа пех со теренот кој беше далеку од идеален за игра. Во дефанзива добро им помагаа на соиграчите, додека во напад имаа ситуации каде требаше подобро да одиграат.
Кочоски (2,5) – Мерсовски (3) – Целески (2,5): Ударното трио на Охрид има евидентен напредок во однос на мечот со Велешта. Иако мечот заврши 0-0, напаѓачите креираа прилики и активно учествуваа во дефанзивната игра. Капитенот имаше добра прилика во финишот од првото полувреме, Мерсовски пред да излезе поради повреда беше најдобар играч на теренот, а Целески до 66-та минута констатно беше во борба за позиција со стоперите од Дрита.
Измени:
Ристески (2,5): Го замени Мерсовски во 34-та минута и ја „стегна“ играта во одбрана. Добро се снаоѓаше на средината од теренот и ги покриваше офанзивците на Дрита.
Реџепи (2,5): Ја презеде улогата на Целески во нападот. Не успеа да влезе во гол шанса, но од време на време им правеше проблеми на домаќините со спринтовите по страна.
Наумоски (2,5): Деби за Наумоски во дресот на Охрид. Како за прв натпревар во Втората лига Наумоски имаше солидни 15-тина минути.
Бочески (2,5): Точно знаеше што сака во сите 90 минути. Не ги испушти конците од рака и со правовремени измени го задржа нивото на игра во Охрид.
OhridNews