Спортската редакција на интернет порталот OhridNews која будно и професионално ги следи мечевите на Охрид ќе започне со нова рубрика, односно ќе ги оценува охридските фудбалери после секој натпревар кој ќе биде пратен во живо, пред малите екрани или онлајн. Оценувањето ќе биде од учинокот на фудбалерот и успехот на Охрид во текот на натпреварот. Оценките ќе се движат од 1 до 5, а фудбалерот со највисока онцека ќе биде прогласен за играч на натпреварот.
Охридскиот фудбалски клуб со реми без голови во Гостивар против истоимената екипа ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“, без разлика што беа ослабени со неиграњето на Алекандар Целески, Шериф Реџепи и Ромео Кочоски, покажаа квалитет и најавија ќе бидат тврд противник за секој ривал во второлигашката конкуренција.
Оценки:
Симоновски (3,5): Сигурен и стабилен помеѓу стативите. Имаше една одлична интервенција после ударот со глава на Кировски во вториот дел со која внесе голема самодоверба во екипата. Секоја проценка му беше правилна и заслужено ја задржа мрежата „чиста“.
Вељаноски – Ариф (3): Бековското дуо максимално коректно ја одработи својата задача во дербито со Гостивар. Во одбрана добро ги затворија крилата на противникот, додека во нападот констатно беа закана кон голот на Јованоски. Ариф на почетокот од мечот ги имаше најдобрите две прилики за погодок.
Трпески – Цуцили – Лекоски (3): Триото одбранбени фудбалери не дозволи многу возбудувања пред голот на Симоновски. Трпески и Цуцули одлично го маркираа Кировски, а, Лекоски од втор план добро му помагаше на своите соиграчи и бековите.
Ристески – Маркоски (3): Тандемот во везниот ред на Охрид добро се справи пред се притисокот и квалитетот на Гостивар. Речиси во сите ситуации беа на вистинско време и место. На теренот не се осети дека се фудбалери под 21 година, напротив делуваа смирено и сталожено во најделикатните ситуации.
Алији (3,5): Искусниот фудбалер заедно со голманот Симоновски беа најдобри поединци на Охрид. Алији ги имаше конците од играта во своите раце и во ниту еден момент не ги испушти. Пред крајот на првиот дел се добро направи, но блокот спречи погодок и охридска радост.
Ѓоргиески – Дишлиески (3): Ѓорѓиески стандардно борбен и безпоштеден на теренот, додека Дишлиески кој беше најистурен во нападот констатно им правеше притисок и проблем на дефанзивците. Ѓорѓиески награда за борбеноста доби со четири конци на „аркадата“, а Дишлиески сигурно ќе биде во плановите на Бочески за следните натпревари.
Измени:
Мерсовски (3): Неговото влегување на местото од Дишлиески во 69-та минута многу значеше за екипата. Популарниот „Џеко“ ја смири топката и ја „згусти“ играта во средниот ред.
Бакулески и Новичиќ влегоа во самиот финиш од натпреварот.
Драган Бочески (3,5): В оган „фрли“ четири млади фудбалери кои беа едни од подобрите на теренот. Формациски одлично ја подготви и постави екипата за дуелот со Гостивар. Немаше премногу избор на клупата со оглед на отсуствата, но добро ги направи измените и го спроведе во мирна завршница дербито на колото
Михаил Постоловски
Обновено: Храбро реми на Охрид во Гостивар
Бочески: Фудбалерите заслужуваат честитки, штета за нереализираните шанси