Обично важи правилото „тимот кој победува да не се менува“ но Охрид, ротира во составот, а рецептот со кој победува не го менува, во мечевите од Втората македонска фудбалска лига-запад. Охридските фудбалери на идентичен начин како и на претходните мечеви, со тврда и добра игра во одбрана го зачуваа голот, а на спротивната страна погодија еднаш, за минимален триумф (1-0) над Дрита.

Симоновски (3): Нов натпревар со чиста мрежа. Охридскиот голман имаше нешто повеќе работа за разлика од мечевите со Тетекс и Кораб но повторно демонстираше квалитет, кој влеа голема самодоверба кај охридските фудбалери.

Вељаноски (3,5) – Цуцули (3) – Трпески (3,5) – Лекоски (3): Последната четворка имаше ново добро издание. Офанзивната тројка на Дрита не се изнаигра, но имаше ситуации каде требаше подобро да се реагира. Вељаноски асистираше за погодок, а Трпески трет меч во серија одигра без грешка. Цуцули стабилен и сигурен во дуелите, додека Лекоски на висина на задачата на левата бековска позиција.

Ѓорѓиески (3) – Петрушевски (3) – Мерсовски (3,5): Триото во „везниот ред“ водеше жестока битка за секоја топка на теренот. Ѓорѓиески и Петрушевски беа одлични во сите задачи, додека Охрид со Мерсовски во составот е сосема различна екипа.

Митев (3) – Целески (3,5) – Мазари (3): Напаѓачката тројка во охридскиот тим одново имаше активен натпревар. Митев, Целески и Мазари, заедно со соиграчите долго време бараа лек за гостинскиот голман Јашар кој беше најдобар на теренот. Митев и Мазари опасни кон голот на противникот во првиот дел, а Целески во вториот погоди и го реши натпреварот.

  • Измени:

Наумовски (3): Влезе во игра на местото од Мерсовски во 65-та минута. Доби задача да ја „врзе“ играта помеѓу средината и нападот. Имаше една шанса за погодок, која не ја реализираше.

Маркоски (3): Го замени Мазари во 78-та минута. Максимално ги исполни обврските во срцето од везниот ред, помагајќи му на Ѓорѓиески и Петрушевски.

Бакулески: Влезе во игра во судиското продолжение.

Бочески (3): Голем дел од заслугите за триумфот одат на сметка од тренерот Драган Бочески. Добро ја подготви екипата тактички, а маестрално ја водеше и во текот на натпреварот.

Мх.П.

 

Минималец на Охрид против Дрита

Александар Целески: Важни три бодои во тежок, тврд и неизвесен натпревар