Охридскиот фудбалскиот клуб вториот натпреварувачки круг во Втората македонска фудбалска лига-запад ја започна со триумф, откако „сино-белите“ на домашен терен со 1-0 го совладаа составот на Гостивар. „Рибарите“ во прав момент на СРЦ „Билјанини Извори“ го одиграа најдобриот меч сезонава и го срушија амбициозниот Гостивар. Охриѓани со храброста за надигрување и борбеноста се исправија во моментите кога текот на натпревар не се одвиваше по нивни патоказ, а награда стигна во финишот со голот за победа.
Симоновски (4): Клучна алка во триумфот над Гостивар. Во првиот дел одбрани пенал, а во вториот одлично интервенираше на секоја нафрлена топка. Неговите игри се на ниво во континуитет и Охрид го направи вистинскиот избор со ангажманот од Струга Трим Лум.
Маркоски (3) – Цуцули (3,5) – Трпески (3): Одбраната ја сочува мрежата и ја заврши својата задача, но перферомансот беше далеку од идеален. Маркоски не сигурен и не решителен, Трпески во првиот дел одигра под своето ниво. Цуцули многу добар и секогаш на место во дуелите со Кировски. Маркоски и Трпески со помош од искусниот Цуцули се поправија.
Вељаноски (3) – Ариф (3): Бековите имаа полни раце работа во дуелот со Гостивар. Вељаноски и Ариф на моменти доцнеа со интервенциите во одбрана, но како што одминуваше мечот така се подобруваа. Двајцата беа дел од акцијата за погодокот. Вељаноски центрираше од корнер, а Ариф ја спушти топката до Целески кој го постигна погодок.
Алији (3,5) – Ристески (3): Двајцата фудбалери во срцето на екипата борбени и пожртвувани за секоја топка. Алији беше двигател на екипата и секоја ветувачка акција почнуваше од него, додека Ристевски во раната фаза од мечот направи жолт картон и мораше на полувремето да биде заменет.
Мерсовски (3,5) – Бакулески (3) – Целески (3,5): Напаѓачкото трио со еден погодок ја заврши својата задача на мечот со Гостивар. Мерсовски најдобар на теренот, Бакулески расположен за игра, а Целески конечно го прекина постот без погодок.
Измени:
Ѓорѓиески (3): Во игра влезе на полувремето на местото од Ристески и ја „стегна“ играта во одбрана. Со неговата висина беше непреминлива пречка на дел од нафрлените топки на Гостивар.
Дишлиевски (3): Одигра 15-тина минути, но многу зрело. После водечкиот погодок на Охрид констатно ги притиснуваше стоперите на Гостивар, кои требаше да ја развијата играта.
Новичиќ: Десниот бек влезе во судиското продолжение.
Марино Маркоски (3,5): Охрид не изгледал и не изиграл подобро сезонава. Тактички фудбалерите на место, измените исто така на место и правовремено.
OhridNews
Голем триумф на Охрид, „рибарите“ му зедоа мерка на лидерот Гостивар!