Составот на Охрид потешко од очекувањата ја совлада екипата на Велешта со 2-1 и запиша нови три бодови на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ кои важеа за фаворити мораа добро да се испотат за да стигнат до победата која обезбедија со два голови во финишот од натпреварот.
Симоновски (2,5): Несигурна интервенција во 51-та минута по која екипата на Велешта постигна погодок и поведе со 1-0. На крајот со „парада“ во судиското продолжение го одбрани ударот на Ѓорески и се „изваде“ за киксот. на стартот од второто полувреме.
Вељаноски (3,5), Лекоски (3), Трпески (3,5), Цуцули (3): Дефанзивната линија во екипата имаше нов добар натпревар во Втората лига. Покрај дефанзивните задачи одбранбените фудбалери беа активни во нападот. Токму тандемот Вељаноски и Трпески беше творец на погодок за победа на Охрид.
Ристески (3), Ѓорѓиески (3,5), Алији (3): Стабилни на средината од теренот. Ристески со нешто подефанзивни задачи, додека Ѓорѓиески игра и Алији играа офанзивно. Ристески ги исполни задачите и констатно му дишеше во врат на Лога и останатите противнички фудбалери. Ѓорѓиески со помош на голманот постигна погодок и изедначи, а фаулот по кој Охрид го постигна погодок за победа беше направен токму над него. Моторот на екипата Алији имаше нешто послаб натпревар во однос на оној со Гостивар.
Кочоски (2,5), Целески (2,5), Реџепи (2,5): Нападот потфрли. Триото не успеа да влезе во ниту една 100% прилика во текот на натпреварот. Не беа опасни ниту на средината од теренот, но шанса за напредок постои и не смее да се загуби самодовербата.
Измени:
Мерсовски (2,5): Влезе во игра, но не внесе свежина во охридскиот состав. Се уште не е нивото кое се очекува од него.
Дишлиески (3): Доби околу половина час и добро го искористи. Констатно вршеше притисок на противничките фудбалери. Имаше и старт над него во казнетиот простор, но судиите не се одлучија за најстрога казна.
Маркоски (/): Ги одигра последните 100 секунди и немаше време да покаже зошто се вбројува помеѓу најдобрите млади фудбалери во Македонија.
Бочески (3): Покажа храброст да ги извади од игра напаѓачите и да урфрли нови фудбалери. Формациски не беше најдобро поставена играта, но повредата на Ариф веројатно ги променил плановите кај тренерот на Охрид.
Мх.П.