Фудбалерите на Охрид освоија само бод на дуелот со Кораб, ремизирајќи 1-1, во локалната дерби пресметка, која се одигра во рамките од 21-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ можат да жалат за преостанатите два бодови, кои можат да бидат клучни во битката за втората позиција, затоа што имаа се што потребно за победа, но затаија во реализицијата, а со едно мало невнимание им поклонаа погодок и бод на гостите.

Симоновски (2): Капитулираше од единствениот посериозен обид на гостите кон неговиот гол. Можеби можеше подобро да реагира, со оглед, дека ударот беше упатен на неговата поблиска страна.

Маркоски (2) – Цуцули (2) – Трпески (2) – Вељаноски (2): Се до 55-та минута кога Кораб го постигна погодокот за 1-1, одбраната функционираше беспрекорно. Маркоски и Вељаноски беа добри во двете фази од играта, додека Цуцули и Трпески мораше подобро да реагираат во 55-та минута кога Кораб изедначи.

Алији (2) – Петрушевски (2) – Мерсовски (2): Охридската тројка на средината од теренот ја доби битката со гостите од Дебар. Алији стрелец на водечкиот погодок и двигател на играта на охридскиот состав, но и погреши за голот на Кораб. Петрушевски беше од голема помош за одбраната, а Мерсовски добро ги „врза“ средниот ред и нападот.

Митев (2) – Целески (2) – Реџепи (2): Далеку од идеален натпревар за навалната линија во Охрид. Пропуштени дузина шанси за погодок. Свој ден немаше Реџепи, кој имаше три „зицер“ ситуации, а на исто ниво беа Митев и Целески.

  • Измени:

Мазари (2): Влезе во игра во 66-та минута, заменувајќи го Митев. Внесе свежина во играта, пробивајќи по левата страна. Неговите нафрлувања беа опасни, но но беа искористени за погодок.

Ѓорѓиески: Го замена Мерсовски во 87-та минута и имаше премалку време да промени нешто во играта на Охрид.

Бочески (2): На терен истрча со најдобриот состав. Можеби задоцна со една измена околу 75-та минута за да ја освежи екипата, но за друго нема што да му се замери на Бочески.

Мх.П.

 

Гостинскиот голман не дозволи радост на „рибарите“, Охрид и Кораб го поделија пленот

Втора МФЛ: Чекор напред за Велешта, назад за Охрид