Фудбалерите на Охрид максимално ги искористија сите адути во локалната пресметка со Кораб и запишаа нов триумф во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ одиграа перфектен натпревар и славеа со 2-0. Трите бодови го одведоа на втората позиција, која на крајот од сезоната води во баражот за влез во Првата лига.
Симоновски (3,5): Продолжи во 2021 година каде што застана во 2020 година. Сигурен на голот и при сите нафрлени топки. Успеа и да асистира за погодок, упатувајќи прецизна топка до Реџепи за вториот гол кој го „отпиша“ Кораб.
Лекоски (3,5) – Трпески (3,5) – Цуцули (3,5) – Вељаноски (3,5): Последната четворка во охридскита екипа повторно ниво. Затворени беа речиси сите приоди кон голот на Симоновски. Цуцули беше прецизен од белата точка, а пеналот го изнуди Вељаноски. Трпески добро го маркираше Муча, а Лекоски во целост ги исполна дефанзивните задачи.
Петрушевски (3,5) – Ѓорѓиески (3,5) – Наумовски (3,5): Триото во „везниот“ ред буквално изгина на теренот. Не само што ја добија битката во клучниот дел од играта, туку доминираа во секој поглед, оставајќи му минимален простор за игра на противникот. Иднината на ФК Охрид е светла кога ќе се погледнат годините на младите играчи.
Митев (3,5) – Реџепи (3,5) – Дишлиевски (3,5): Ударната тројка во нападот можеше да донесе уште поубедлив триумф на Охрид. Реџепи реализираше за 2-0, Митев промаши неколку убави шанси при резултат 1-0, а Дишлиевски кој играше како најистурен вршеше константен притисок врз гостинските одбранбени фудбалери.
- Измени:
Мазари (3,5): Влезе во игра на местото од Дишлиевски во 62-та минута и веднаш се најде во гол шанса. Не успеа да ја претвори во погодок, но се наметна како добар избор по крилните позиции.
Маркоски (3,5): Го замени Петрушевски на средината од теренот и ја „стегна“ играта во „везниот“ ред. Полека се враќа во препознатлиот ритам.
Алији (3,5): Во последните десеттина минута имаше задача да ја задржи топката и на најдобар можен начин го стори тоа.
Бочески (4): Играчите се тие кои ја остварија победата, но сите заслуги одат на сметка на охридскиот тренер. Екипата е подготвена за борба и секој момент знае што сака и што игра. Охридскиот квалитет на своја кожа го осети Кораб, кој не беше достоен ривал за надигрување.
Михаил Постоловски
Реакции после натпреварот Охрид – Кораб
Втора МФЛ: Вардар Форино – Гостивар не се одигра, Охрид се проби на второто место
„Рибарите“ стартуваа со победа, Кораб без шанси на „Билјанини Извори“