Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. „Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. „Билјанини Извори”-Охрид.

Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2024 заклучно со 31.12.2024 година. Повеќе информации на линкот.

Градоначалникот на Општина Охрид распишува и јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на Општина Охрид.

Со ова Општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот, се наведува во соопштението.

Повеќе детали за јавниот повик на линкот.

OhridNews