Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог –идеи од јавен интерес на општината во областа на културата кои ќе бидат составен дел од Програмата за култура за 2025 година.
Со решението се врши распределба на финансиски средства од Програмата за култура за 2025 година, к4, од Буџетот на Општина Охрид. Се задолжува Одделението за култура да подготви Договори со сите здруженија на граѓани, институции и поединци клубови на кои им се доделени финансиски средства, посочуваат од Општина Охрид.
Рапределбата на средства се врши врз основа на претходно распишан Јавен повик за финансирање на предлог –идеи од јавен интерес во областа на културата на општина Охрид за 2025 година, бр.12783/2 од 17.10.2024 година.
Комисијата задолжена за спроведување на јавниот повик, со Записник од работа на Комисијата, констатира дека до крајниот рок за доставување на барања до Архивата на Општина Охрид беа доставени 104 пријави. На ден 06.11.2024 година, одржа состанок и пристапи кон евалуација на пристигантите апликации, додаваат од Општина Охрид.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews