Објавени добитниците на буџетски средства за спорт и рекреација за 2024. Градоначалникот Кирил Пецаков ги донесе решенијата по претходно објавен јавен повик за распределување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на Oпштина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти, други правни лица од областа на спортот на територијата на Oпштина Охрид.
Наша замисла е Охрид да биде спортски град со врвни спортски имиња и клубови. Во таа насока за континуирана поддршка на спортот донесени се решенијата за распределба на финансиски средства од буџетот на Општина Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Резултатите се објавени на линкот.
OhridNews