Објавен списокот на студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од Општина Охрид и ги исполнуваат условите за добивање еднократен паричен надоместок – образовен додаток.
Решението е донесено согласно записникот за спроведена евалуација бр. 09-17555/4 од 30.10.2024 год., донесена од страна на комисијата, постапувајќи по Јавниот повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за академската 2024/2025 година, посочуваат од Општина Охрид.
Еднократен образовен додаток ќе добијат 30 студенти. Повеќе информации на линкот.
OhridNews