Победата за Шпанија против Македонија во ниеден момент не беше доведана под знак прашалник откако избраниците на Обвран одигра далеку по очекувањата.
– На терен настапивме против една квалитетна селекција, светски првак. Навистина штета што не искористивме неколку чисти ситуации. Факт е дека разликата во квалитет е голема, создадоа недостижна предност. Верувајте не е трагично да се загуби од една голема и врвна Шпанија, ние игравме колку што противникот ни дозволуваше. Голманот Штербик им беше феноменален, моите играчи како да се исплашија. Останавме без тројца играчи (Лазаров, Миркуловски, Маркоски) кои најверојатно нема да настапат на реваншот, со цел да не ризикуваме Шансите остануваат, во јуни се клучните мечеви, верувам дека можеме на еврошампионатот – истакна селекторот Ивица Обвран, а пренесува “Спортарена“.