Голем број пропусти се пронајдени во работата на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде во пожар изминатата ноќ загинаа 59 лица, а над 120 се повредени. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски истакна дека пропустите се многу големи информираше дека обвинителството ќе бара краткорочен притвор за 10 лица.
Можам да кажам дека се работи за ерозија на системот, рече во изјава за медиумите републичкиот обвинител Коцевски.
Увидот до сега констатирал дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, односно поседувал дамо два ПП апарати, имал само една импровизирана метална врата, која била заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна која била обложена со сунѓер. Немало пристап за противпожарни возила и противзаконски биле користени пиротехнички срества. Објектот бил регистриран како деловен објект за лесна индустрија и не била извршена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа, истиот има дозвола за работа од Министерство за економија, посочи Коцевски.
На распит повикани биле повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Истрагата продолжува утре најави обвинителот Коцевски.
Г.М.