Јавното обвинителство ќе побара притвор за бизнсименот Орце Камчев. Информацијата ја потврди обвинителката Вилма Русковска.
Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, по што е упатен во Кривичниот суд во Скопје, каде е на распит пред судија по претходна постапка.
Според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до обвинителството ја доставиле Агенцијата за национална безбедност, пренесува Миа.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.
OhridNews