Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираат од Обвинителство за текот на постапката за Клиниката за онкологија.
Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази, посочуваат од ЈОРСМ.
Јавното обвинителство, се вели во соопштението, го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија.
OhridNews