Седум судански манекени биле прогласени за виновни поради непримерно однесување, поради тоа што а една модна ревија биле нашминкани. Суданската полиција, задолжена за одржување на јавниот ред и мир, позната по строгите казни кон луѓето кои ги смета за непристојно облечени, ги уапсила.
Сите седуммина биле прогласени за виновни и биле казнети со по 80 долари. Судот одлучил дека момчињата се однесувале непристојно, бидејќи било навредливо за мажите да користат шминка. За да не добијат максимална казна од 40 години затвор поради овој прекршок, адвокатот на момчињата потенцирал дека и мажите кои се појавуваат на телевизија секогаш се нашминкани.