Авторот на крстозборот во еден дневен весник во Венецуела се нашол во многу незгодна ситуација, бидејќи бил обвинет дека употребил зборови зад кои се крие повик на заговор за убиство на постариот брат на претседателот Хуго Чавез. Агентите на тајната служба овој случај го сватиле сериозно и го испитале Напталио Сеговиа, професор по англиски јазик, иако обвиненијата ги исмевале како противниците, така и приврзаниците на владата на Чавез.
Целиот случај го започнал телевизискиот водител Мигел Перез Пирела, истакнувајќи дека во крстозборот во изданието на весникот “Ultimas notisijas” Сеговиа го употребил зборот „Асесинен“, што значи да се убие, заедно со името на братот на Чавез Адан. Сеговиа рекол дека е бесмислено и да се помисли дека крстозборот содржи таен код, а обвинението го критикувал и Нестор Франсија, писател наклонет кон владата на Чавез, поставувајќи прашање каков ефтин шпиунски филм би развил таква теорија.