Судот во Лос Анџелес одлучил да му суди на личниот лекар на поп звездата Мајкл Џексон во врска со неговата смрт. Лекарот Конрад Мари бил обвинет за убиство од невнимание. Тој не се чувствувал виновен за делото за кое судот го товарел.
Меѓутоа, сведоците на обвинителството тврделе дека Конрад не постапил според прописите на лекарските служби кога на Мајкл му дал прејак анестетик за да заспие. Судот најновата одлука ја донел после плериминарниот шестдневен претрес, при кој биле сослушани повеќе од дваесет сведоци. Судот воедно и ја суспендирал дозволата за работа на лекарот, опишувајќи го како потенцијална опасност по државата Калифорнија.