Фотографот осомничен дека ги снимил фотграфиите на сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт, во топлес, објавени минатиот септември во француското списание “Closer”, бил обвинет во јуни, соопштиле извори блиски на случајот.

Уште еден фотограф поради истата причина се наоѓал под истрага. Главниот уредник на списанието Лорен Пју исто така, на почетокот на месецов, бил осуден бидејќи ги објавил фотографиите снимени без знаење на Кејт.