Во рамките на програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“, во Охрид се одржува обука на директорите од основните училишта од земјата. Обуката ќе трае до 23 овој месец, а вклучува 95 основни училишта од 65 општини во Македонија.

Преку неа училиштата ќе се запознаат со комплетно нова програма која се фокусира на еколошко, економско и домаќинско менаџирање на училиштните згради и градење еколошка култура преку практичен пример на однесување и грижа кон се што не опкружува.

Програмата ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка и поддршка од Здружението на граѓани ОХО. Програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка и поддршка од Здружението на граѓани ОХО односно програмата „Немаме резервна планета“.

Таа, низ својот 3 годишен циклус, ќе ги опфати сите образовни институции во Република Македонија, почнувајќи од градинките па сè до училиштата за средно образование.

OhridNews