Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 21 до 28 јуни, велат од Црвен крст Охрид.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– Да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта),
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт,
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Повикот трае до 19 јуни, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријавата на линкот.

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона 2024 година, потенцираат.

OhridNews