Воведувањето на Електронско поднесување на даночни пријави е дел од процесот за едноставен и безбеден начин на поднесување на даночните пријави. Од УЈП објаснуваат дека постојат неколку причини зошто да го користите системот за електронско поднесување на даночни пријави:
• Без чекање на шалтери и заштеда на вашето време – просечното потребно време за поднесување на даночната пријава е 15 минути;
• Поднесување на даночна пријава 24 часа/7 дена;
• Намалување на човечки грешки – системот алармира доколку сте згрешиле при пополнување на даночната пријава.