Викендов во Струга се одржува обука за локалната администрација од општините Гази Баба и Бутел за водење на процесот за изработка на локалните младински стратегии за двете општини. На обуката се дефинира методологијата за изработка на локалните младински стратегии согласно со прирачникот за креирање на локални младински стратегии, во издание на Коалиција СЕГА. Во рамките на проектот и активностите кои беа реализрани до сега, идентификувани се состојбите, потребите и приоритетите на младите во општините Гази Баба и Бутел, врз база на фокус групи со млади и анкети спроведени на репрезентативен примерок за двете општини.

Оваа обука која се реализира во Струга во рамките на проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“ кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Интеркултура – Скопје и Волонтерски Центар Скопје, и се реализира со финансиска поддршка од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија. Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии во општините Гази Баба и Бутел.

OhridNews