Согласно Планот за олабавување на рестриктивните меркит за заштита од коронавирусот Ковид – 19, од денеска со работа почнуват авто школите, кои ќе функционираат согласно здравствениот протокол, усвоен од владата.
Протоколот за работа на авто школите во состојба на здравствена криза, предвидува задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото.
Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1,5-2м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање. – се наведува во Протоколот за работа на школите за обука на возачи.
Што се однесува до полагањето на практичниот тест со возење, протоколот три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото.
OhridNews