Фондот за иновации и технолошки развој, денеска претладне во големата сала на oпштина Охрид,  ќе одржи обука. На обуката ќе има презентации за анализа на ризиците, пазарниот потенцијал, финансиска проекција и заштита на правата од интелектуална сопственост.

Обуката е наменета за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност и студенти со иновативни идеи, ќе ја држи Питер Моѓуроши, оперативен советник за работењето на Фондот за иновации и технолошки развој.

OhridNews