Во меѓувреме ОИК започна со редовните активности, а се комплетираат и избирачките одбори. Согласно измените во изборниот законик, во избирачките одбори покрај членовите и замениците од редовите на државната администрација, ќе има и членови на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
Изборите за претседател на државава, за градоначалник и за советници ќе се одржат на 22 март, а во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места.