Претставниците на ОБСЕ, вчера се сретнале со  членовите од Изборниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите за пратеници од оваа партија во Охрид.

На средбата, како што информираа од Центарот за комуникации при ОК ВМРО ДПМНЕ,  станало збор за  набљудувачката мисија на  престојните парламентарни избори говореа  што ќе ја спроведе Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ.

Набљудувчите одблизу ќе ги следат изборните кампањи, работата на органите за спроведување на изборите и соодветните владини органи, изборното законодавство и неговата примена, атмосферата во медиумите, како и решавањето на споровите поврзани со изборите, и ќе оценат дали изборите ќе бидат во согласност со начелата за демократски изборни процеси како и со националното законодавство, било речено на средбата.

“Очекуваме овие избори да бидат досега најдемократски во Република Македонија. Нема поголеми промени во избирачките списоци а кампањата на локално ниво ќе биде сведена на прес -конференции, разговори со граѓаните и пренесување на програмата на партијата“, истакнал кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветко Грозданов. Тој искажал сомневање дека и покрај тоа што декларацијата за фер и демократски избори ја потпишале сите политички партии, се можни изборни инциденти од страна на опозицијата.

Анита Кипаризова-Крстеска, кандидат за пратеник од 5-та изборна единица, истакнала дека Владата ќе направи се за фер и демократски избори и рамноправна застапеност на жените во политичкиот живот.

Претставниците на набљудувачката мисија на ОПСЕ-ОДИХР, како и мисијата на ОБСЕ во Скопје на средбата истакнале дека изборниот процес во Макеонија ќе го надгледуваат одвоено и во согласност со нивните мандати.

ohridnews