СВР Охрид интензивно работи на подготовките на средбата помеѓу градоначалниците на Струга и Вевчани за надминување на меѓуетничките тензии кои се подигнаа по сетијата инциденти на верска основа што се случија во Струшко. Како што дознаваме неофицијално внимателно се избира „теренот“ на кој треба да случи средбата, која најверојкатно ќе се случи утре или во некој од нардните денови.

Во меѓувреме загриженост за инцидентите изрази високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волебек, кој вчера имаше средба со претставнци на политилките паартии на Македонците и Албанците. Тој се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети кој истакна дека изолираните настани во Вевчани, Струга, Битола и други места, не се многу загрижувачки само доколку некој не стои позади овие инциденти.

Според Ахмети, инцидентите започнале со скандалозните скандирања на навивачите на ракометните натпревари на репрезентацијата на Македонија во Ниш и Белград, а продолжиле со настаните во Вевчани, Струга, Битола…

„Изливи на омраза на спортските арени се за жалење и за секоја осуда и огромното мнозинство на граѓаните на Македонија ги осудуваат овие настани и не се солидаризираат со нив“, рече Ахмети.

OhridNews