Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван ја оствари зацртаната цел и заедно со ракометарите обезбедија пласман на Европското првенство во Данска.


– Беше тешко да се игра под притисок, но, на овој меч, како и на оној во Цирих, покажавме дека имаме карактер и дека заслужено има место за Македонија во најдобрите 16 во Европа. Победата ни ја донесе добрата одбрана и секако интервенциите на Борко –
рече Обрван.

Ристовски, кој знае како против Португалија интервенираше 14 пати успешно. Неговата интервенција пред неколку години ја одведе Македонија на мундијалот во Хрватска 2009.

– Можеби јавноста очекуваше лесна победа, секако и резултатот го кажува тоа, но на теренот не беше баш така. Сепак, ова е една голема победа за Македонија, остварена под тешки услови –
смета Ристовски.

Мх.П.