Ивица Обрван, селекторот на машката ракометна репрезентација, го објави списокот на играчи, кои ќе бидат повикани во националниот тим за неделата на ЕХФ.
Обрван на списокот има 21 ракометар, а од стандардните репрезентативци единствено го нема бекот на Металург, Филип Миркуловски, кој се наоѓа во процесот на рехабилитација по операцијата.
Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 28.октомври, во склоп на неделата на ЕХФ, која трае до 3.ноември, Македонија на 1. и 2.ноември ќе одигра две средби против Црна Гора, репрезентација која ќе учествува на Еп во Данска, а која од клупата ја предводи екс тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ.
Голмани: Борко Ристовски (Гумерсбах, Германија), Никола Митревски (Металург)
Крила: Владимир Темелков (Каерјенг, Луксембург), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски (Металург), Гоце Ојлески (Металург)
Бекови: Кирил Лазаров (Барселона, Шпанија)Наумче Мојсовски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Дејан Пецаковски (Металург), Филип Лазаров, Митко Стоилов (Вардар), Горан Кузмановски (Одорхеи, Романија), Бранислав Ангеловски (Констанца), Никола Стојчевски (Редбергслидс ИК, Шведска), Влатко Митков (Кремс, Австрија), Лазо Мајнов (Одорхеи, Романија).
Пивотмени: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски, Ванчо Димовски (Металург)
Резерви: Владимир Недановски, Златко Даскаловски (Вардар) Златко Мојсоски (Металург).
„Макфакс“