Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го објави поширокиот список за престојниот двомеч со Франција во квалификациите за Европското во Полска.


Списокот селекторот го скрои без изненадувања, се најдоа сите ракометари кои беа дел од репрезентација на Мундијалот во Катар

Првиот натпревар „црвено жолтите“ го играат во Скопје (29 април) додека реваншот е на 3 мај францускиот град Тулуз.

По две одиграни рунди во групата Македонија е второпласирана со четири бодови по победата над Швајцарија и ремито со Чешка.

Составот : Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митеевски, Стефан Кимевски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Златко Мојсовски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Кузманоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов.

Ohridnews