Третото учество на Европското првенство во низа иначе четврто вкупно во историјата „црвено жолтите“ го обезбедија со победата над Чешка во последниот натпревар од квалификациите.
Македонија без услугите Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец стигнаа до толку посакуваната победа, која е „виза“ за ЕП во Полска следната година.
– Се најдовме во една тешка ситуација кога играчите покрај повредите беа целосно исцрпени од натпреварувачката сезона. Против чесите одигравме онолку колку што требаше за да победиме и да обезбедиме пласман на ЕП. Сите силно верувавме и посакувавме победа, она што е најважно пред секој натпревар. – рече селекторот Ивица Обрван.
Од групата покрај Македонија пласман како првопласирана обезбеди Франција, која ќе брани титулата во Посла освоена пред две години во Данска.
Мх.П.