Актуелниот селектор на Македонија, Ивица Обрван до крајот ќе го одработи договорот со националната ракометна федерација.
Обрван поднесе извештај до Ракометната федерација на Македонија за настапот на македонската селекција на Мундијалот во Катар.
РФМ после детална анализа го усвои извештајот на селекторот, кој има важечки договор до јули 2015 година.
Обрван ќе ја предводи селекцијата во квалификациските натпревари со Франција кои „црвено жолтите“ ги започнаа со победа над Швајцарија и реми со Чешка на гостински терен.
На состанокот во РФМ беа промовирани и три селектори во младинските конкуренции. Влатко Неделкоски ќе ја предводи машката селекцијата до 19 година, Симе Симовски ќе ја води женската репрезентација до 19 години, а Јулијана Црвенкоска до 17 години во женска конкуренција.
Мх.П.