Левиот бек Наумче Мојсовски поради повредата на десното колено ќе го пропушти престојното Европскот првенство во Данска. Повредата македонскиот репрезентативец ја здоби на мечот од Сеха лигата меѓу градските ривали Металург и Вардар, кој беше последен за годинава.

– Овој прок­лет нат­пре­вар по­ме­ѓу Вар­дар и Ме­та­лург се оби­ду­вав­ме, јас ка­ко се­ле­ктор и Ра­ко­мет­на­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, да го од­ло­жи­ме по ЕП, но ете, за жал, не ус­пе­ав­ме. Ни се ос­тва­ри нај­цр­но­то сце­нарио, кое нај­мал­ку го по­са­ку­вав­ме. Си­те во РФМ сме во шок по те­жи­на­та на по­вре­да­та на На­умче Мој­сов­ски и не­го­во­то отсус­тво од ЕП, би­деј­ќи тој е го­лем ли­дер и мо­ти­ва­тор на те­ре­нот. Но­во име не­ма да по­ви­кам од по­ши­ро­ки­от спи­сок, а ќе се оби­дам од она што оста­на на оваа по­зи­ци­ја да го изв­ле­чам ма­кси­му­мот – изјави селекторот Иви­ца Обр­ван за дневниот весник „Нова Македонија“.

Македонија на ЕП во Данска кое ќе се одржи од 12 до 26 јануари следната година во група е сместена со домаќинот, Чешка и Австрија.

Мх.П.