Македонската ракометна репрезентација освои голем бод на гостување во Чешка во квалификациите за ЕП во Полска. Ремито е реален резултат откако селекции си поделија по едно полувреме за игра.


– Кога ќе се собере се гостински терен, лошо полувреме и непобедливоста на Чешка ова реми е рамно на победа за нас. – рече селекторот Ивица Обрван и додаде – Премногу бевме оптоварени од нивните недостатоци и тоа малце ни се врати како бумеранг. Одлично го отворивме мечот, но неколкуте промашувања не изместија и чесите се вратија во игра.

По негатива од шест разлика на полувремето репрезентативците одиграа триесет минути за паметење.

– Секогаш зависи од ракометарите кои се на теренот и дали веруваат тие во успех по толку голема негатива. Многу е лесно од седум негатива да заминиш на 12, а тешко е да се вратиш во игра. Ние го направивме тоа и мислам дека ремито е најправеден резултат. – заврши селекторот.

Репрезентацијата по два одиграни натпревари во квалификациите за ЕП има победа и реми и со четири бодови моментално се наоѓа на првата позиција во групата.

Мх.П.