По куса пауза поради Новогодишните празници македонската ракометна репрезентација ќе ги продолжи подготовките за престојното Светско првенство во Катар 2015 година.
– Работевме квалитетно и напорно во првиот дел од подготовките, а во исто темпо ќе продолжиме во вториот, кој е пред нас. Атмосферата е одлична во репрезентацијата, мечевите со Израел добро ни дојдоа исто како и паузата за Новата година – рече селекторот Ивица Обрван.
„Фалангата“ на 8 јануари ќе замине за Франција каде ќе биде дел од турнирот, кој го организира Европскиот првак и ќе одигра два контролни натпревари.
– Без разлика на се треба да стоиме цврсто на земја и максимално да се фокусираме на мечевите кои ни доаѓаат. Ќе одиме чекор по чекор, а само така можиме да се надеваме на нешто поголемо – додаде чуварот на мрежата Борко Ристовски.
Македонија во групата на СП се наоѓа со Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран.
Мх.П.