Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван по мечот со Швајцарија беше задоволен од победата и играта од неговите избраници.


– Желбата за победа, поддршката од навивачите и нашиот квалитет пресуди за победата над швајцарските ракометари. Од првиот момент кога ја презедов селекцијата сите посакуваат последниот натпревар со Португалија да решава, кој ќе патува на ЕП. Тоа и се случи се е во наши раце и сега сами си одлучуваме дали ќе патуваме на собирот на најсилните европски селекции – рече хрватскиот стратег Обрван.

„Македонската фаланага“ в недела во 20:30 часот го игра одлучувачкиот натпревар со Португалија пред своите гледачи. Од овој меч ќе се дознае која репрезентација ќе му се приклучи на Шпанија на Европското првенство во Данска.

Мх.П.