Хрватскиот стратег Ивица Обрван останува на селекторската позиција во македонската ракометна репрезентација.
Обрван го продолжи договорот на една година со можност за плус уште една откако имаше средба со првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Со хрватскиот стратег на клупата македонската репрезентација обезбеди учество на три големи натпреварувања ЕП во 2014 и 2016 и Мундијалот во Катар минатата година.
Обрван покрај македонската селекција ја предводи и екипата на Шамбери од Франција, а од оваа сезона помошник во клубот ќе му е Данило Брестовац.
Ohridnews