На помалку од месец дена од почетокот на Светското првенство во Катар македонската машка ракометна репрезентација го имаше првиот собир.


Повредите ги избегнаа македонските репрезентативци и селекторот Ивица Обрван ќе може да смета на сите повикани на поширокиот список.

– Иако е рано за некакви прогнози, но нашата цел е јасна тоа е пласман во четвртфиналето на Мундијалот и обезбедување на виза за Олимписките игри во Рио 2016 година. Малку ме загрижува формата на репрезентативците и физичка подготвеност, но за три недели не можиме да промениме на тој план – рече селекторот.

Македонската репрезентација во текот на подготовките ќе одигра четири контролни средби. Две во Скопје против Израел и две на турнирот во Франција во кои треба што подобро да се воиграат ракометарите.

– Крајот од оваа година беше идеален за одигрување на две контролни средби со Израел. Потоа во Франција ќе одиграме меч со селекцијата Алжир, која многу наликува на онаа од Тунис, кој ни е противник на Мундијалот. Четири контролни средби се сосема доволни за подготвени да се отпатуваме на Светското првенство во Катар – додаде Обрван.

Ohridnews