Ракометната репрезентација на Македонија во последната рунда од квалификациите на домашен терен против Чешка ќе решава за пласманот на Европското првенство во Полска.
„Црвено-жолтите“ успешно со победа ја завршија мисијата во Швајцарија, а сега ги очекува завршната, која обезбедува виза за континенталниот собир на ракометните ѕвезди.
– Се испадна како што замислувавме и посакувавме. Но, за тоа сме сите заслужни. Одигравме зрело и паметно и недозволивме да се осети отсуството на Лазаров и Мојсоски кои многу значат за оваа селекција. На дуелот против Чешка ќе треба да го повториме истото, но неопходна ќе ни биде поддршката од публиката. И јавно ги повикувам да ни помогнат и заедно да прославиме нов успех на ракометната репрезентација. – заврши селекторот Ивица Обрван.
Во одлучувачкиот натпревар чесите ќе настапат без своите двајца најдобри ракометари Јиха-Хорак, но и Македонија има проблеми бидејќи Лазаров е повреден, а Мојсоски и Вугринец воопшто не допатуваат во нашата земја.
Мх.П.