Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван потпиша две и пол годишен договор со францускиот клуб Шамбери.
Новиот клуб на македонскиот селектор во француската лига се наоѓа на шестата позиција со девет бодови.
Покрај клубскиот ангажман Обрван ќе ја предводи македонската селекција на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи следната година.
Мх.П.