По триумфот на Европското првенство селекцијата на Полска се радуваше на победа (25-20) против Македонија и на квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Рио.


– Селекцијата на Полска е најдобра кога игра пред своите гледачи. Поддршката од публиката ги мотивира до небо полските ракометари. Многу се мачевме со нивната одбрана која одигра цврст и квалитетен натпревар. Евидентна е разликата меѓу оваа селекција која ја предводи Талант Душебеав и онаа на Биглер која не совлада со еден разлика на ЕП во Полска. Дојдовме со една цел во Гдањск, а таа ќе ја оствариме против Тунис во второто коло. – рече селекторот Ивица Обрван.

Македонија шанса за поправен ќе има против селекцијата на Тунис која пак со триумф над Чиле ги запиша првите бодови во првата група.

OhridNews